18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНова војна на спонзорите во Баерн?

Нова војна на спонзорите во Баерн?

skandal baern

Во Баерн Минхен повторно се појави скандал поврзан со главниот спонзор на клубот „Аdidas“. Германскиот концерн ја обезбедува опремата на тимот.

Во исто време, сепак, во неделата по дербито со Борусија Дортмунд петмина од играчите се фотографираа со копачките на „Nike“ и ја размножија фотографијата на социјалните мрежи.

Ова не им се допадна на луѓето од „Аdidas“ кои инсистирале за средба со раководството на клубот, за да разјаснат што се случило. Од Баерн потврдија пред „Sport1“ дека оствариле разговори со претставници на „Аdidas“, но официјално соопштение на оваа тема нема да има.

Во суштина секој фудбалер може да склучува индивидуален договор за копачките кои ги преферира.

Договорот со компанијата за спортска опрема е за уште цели 15 години, а за целиот рок клубот ќе добие 900 милиони евра.

Од „Аdidas“ сметаат дека Џером Боатенг, Џошуа Кимих, Артуро Видал, Тиаго Алкантара и Даглас Коста не дејствувале спонтано, а сето тоа било претходно организирано од „Nike“.

skandal baern2

Претходно, Марио Гетце беше дел од скандал кога на прес-конференцијата за неговото претставување како фудбалер на Баерн, се појави со маичка со логото и натписот на американскиот концерн.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП