3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИMicrosoft сака да направи трајни батерии за лаптоп

Microsoft сака да направи трајни батерии за лаптоп

mic laptop 333

Дали знаете која е најчестата забелешка која корисникот ја има за својот паметен уред?

Нормално, станува збор за траењето на батеријата, па повеќето корисници ги „молат“ производителите да вклучуваат поголеми и подобри батерии (дури и по цена на поголеми димензии).

„Microsoft“ сега доаѓа со идеја да го подобри траењето на батериите така што новиот систем нема да вклучува поголеми батерии. Имено, тие сакаат на лаптопот да му понудат поголема можност да ги резбере навиките на корисникот и потоа да ги прилагоди поставките за трошењето на батеријата во склад со тоа. „Microsoft“ во овој случај се здружи со тим на академски истражувачи со кои работи на проектот кој е наречен „Software Defined Batteries“, a првиот ќе биде претставен веќе оваа недела.

Главната идеја на проектот е да се изгради уред кој има неколку различни видови на батерии кои се оптимизирани за различни задачи. „Microsoft“ вели дека новиот софтвер за управување на батеријата работи заедно со оперативниот систем, со цел да разбере дали корисникот чита „Word“ документ или врши промени на видео снимка, па така да ја применува најефикасната батерија за таа задача.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП