
Тренерот на фудбалерите на Реал Мадрид, Рафаел Бенитез, рекол дека Кристијано Роналдо е најдобриот играч во светот, но дека тој нема проблем на накои натпревари да го остави на клупата за резерви.


Тренерот на фудбалерите на Реал Мадрид, Рафаел Бенитез, рекол дека Кристијано Роналдо е најдобриот играч во светот, но дека тој нема проблем на накои натпревари да го остави на клупата за резерви.
„Мит е дека Роналдо е недопирлив. Разговарам со Кристијано секојдневно, ќе добие одмор кога тоа ќе му биде потребно. Тој е секогаш на теренот, бидејќи секогаш влегува во шанси и постигнува голови, но јас нема да имам проблем да го оставам на клупата“, рекол Бенитес за радиото Кадена СЕР.
Роналдо е еден од тројцата играчи на Реал, покрај голманот Кејлор Навас и левиот бек Марсело, кој од почетокот на сезоната не пропуштил ниту еден натпревар.
„Кристијано е голем професионалец и неверојатен фудбалер. Воопшто не ми е тешко да го трениерам. Нашиот однос од ден на ден е сé подобар и подобар. За мене тој е најдобриот фудбалер на светот“, рекол Бенитез.
Во досегашниот дел од сезоната португалскиот репрезентативец одиграл девет натпревари и постигнал десет голови.