3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАТП Пекинг: Експресен старт на Ѓоковиќ, Надал се мачеше

АТП Пекинг: Експресен старт на Ѓоковиќ, Надал се мачеше

peking2014_04

Новак Ѓоковиќ со убедлива победа ја започна одбраната на титулата на АТП турнирот од серијата 500, во Пекинг. Првиот светски рекет на стартот загуби само два гема од Симоне Болели.

Ѓоковиќ против Италијанецот славеше со 6:1 и 6:1, мечот траеше 71 минута. Српскиот тенисер ја забележа 25-та последователна победа, на турнирот во Пекинг.

Сигурна победа во првото коло оствари Стен Вавринка над Радек Штепанек (7:5, 6:3), додека Рафа Надал со многу проблеми славеше над Кинезот Даи Ву, кој е 230-ти на АТП листата, со 6:4, 6:4.

Првото коло во два сета го минаа Жил Симон и Маркос Багдатис со победите над Михаил Јужни, односно Фернадо Ведраско.

Бернард Томиќ и Сем Грот ги предадоа своите мечеви поради повреди, додека Беноа Пер успеа да го елиминира Григор Димитров (6:4, 3:6, 6:1), исто како и Роберто Баутиста-Агут кој славеше над Ришар Гаске (6:4, 6:1).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП