21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБејл играч на годината во Велс

Бејл играч на годината во Велс

igrac vels

Фудбалерот на Реал Мадрид Герет Бејл петта година по ред е прогласен за најдобар играч на Велс, соопшти националниот сојуз на оваа земја.

Бејл за репрезентацијата оваа година има постигнато шест голови, вклучувајќи ги двата во минималните победи над Кипар и Белгија, со кои Велс избори пласман на Европското првенство.

„Минатата сезона постигнуваше неверојатни голови. Сите играчи беа фасцинирани, но тој посебно се истакнува поради сè она што го направи во квалификациите“, рекол селекторот на Велс, Крис Колман.

Во женска конкуренција наградата и припадна на Кајли Дејвис од Рединг, додека за најдобри млади играчи се прогласени Томи О’Саливен од Кардиф и Чарли Естурт од Манчестер Сити.

Герет Бејл за репрезентацијата на Велс има одиграно 52 натпревари на кои постигнал 18 голови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП