14 февруари, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОАнглиски медиуми: Клоп во Ливерпул до крајот на неделата

Англиски медиуми: Клоп во Ливерпул до крајот на неделата

Jurgen-Klopp-Liverpool-1 (1)

Кој ќе биде новиот тренер на фудбалскиот клуб Ливерпул е темата со која се преокупирани англиските медиуми, кои пренесуваат дека до крајот на неделата ’црвените’ ќе го промовираат Јирген Клоп (48) во наследник на Брендан Роџерс.

Роџерс, по три ипол години, доби отказ во неделата, неколку часа по завршувањето на градското дерби со Евертон (1:1).

Медиумите во Англија пренесуваат дека Клоп изразил желба да ги тренира фудбалерите на Ливерпул и дека преговорите „се дивжат во вистинска насока“.

Клоп, кариерата ја започна во Мајнц, а во периодот од 2008-ма до јуни 2015-та година беше тренер на Борусија од Дортмунд. Со ’милионерите’, тој успеа две години да ја прекине доминацијата на Баерн освојувајќи две титули (2011, 2012), а во 2013-та година стигна и до финалето во Лигата на шампионите каде беше поразен токму од Баерн.

Откако пред крајот на мината сезона најави дека ја напушта Борусија, рече дека ќе земе едногодишен одмор од фудбалот, но можно е одморот да го прекине веќе оваа недела.

„Разговаравме пред неколку недели и ми рече дека би сакал да тренира тим кој не е игра на највисоко ниво и да направи нешто со тој тим. Тоа би можел да биде Ливерпул!? Тоа е клуб кој има историја како и Борусија. Навивачите стојат зад клубот, а тоа Клоп го сака“, рекол поранешниот германски репрезентативец Штефан Ефенберг во разговор за англискиот сервис BBC.

Инаку, Клоп околу можниот трансфер во Ливерпул разговарал со уште еден поранешен германски репрезентативец Дитмар Хаман, кој во текот на својата кариера со успех го носеше црвениот дрес.

Покрај Клоп, медиумите шпекулираа дека во комбинација за нов тренер на Ливерпул е и трофејниот италијански стратег Карло Анчелоти, кој во 2010-та година со Челзи ја освои Премиерлигата и ФА купот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП