20 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПапаниколау пред потпис со Црвена ѕвезда

Папаниколау пред потпис со Црвена ѕвезда

papa nikolau

Грчкиот кошаркарски репрезентативец Костас Папаниколау се наоѓа пред потпишување на договор со шампионот во АБА лигата, тимот на Црвена ѕвезда, обајви „blic“.

Папаниколау пред две недели доби отказ во НБА лигата, во екипата на Денвер, па како што наведува истиот извор, неговиот менаџер стапил во контакт со Црвена ѕвезда.

Белградскиот тим од почетокот на сезоната има проблеми со повредни играчи, крилниот центар Марко Тејиќ ќе отсуствува уште еден месец поради повреда на раката, а ниското крило Немања Дангубиќ, поради фрактура на ногата, исто така еден месец ќе биде надвор од екипата.

Поради тоа Папаниколау е идеално решение за тренерот Дејан Радоњиќ бидејќи може да игра и како крило и како крилен центар.

Не е познато за која сума грчкиот кошаркар би се преселил во Белград но по се изгледа парите се во втор план бидејќи тој во Хјустон имаше годишна плата од 4,8 милиони долари, сума која не може да си ја дозволи ниту еден европски тим.

Папаниколау кариерата ја започнал во Арис, потоа четири сезони го носеше дресот на Олимпијакос и успеа да освои две титули во Евролигата, а во 2012 година да го понесе признанието ’Ѕвезда во подем’. По Олимпијакос тој играше една година во Барселона, а мината сезона ја мина во НБА лигата во Хјустон. По завршувањето на сезоната Хјустон го трејдуваше во Денвер каде пред две недели доби отказ.

Папаниколау во Црвена ѕвезда ќе игра заедно со својот сонародник Софоклис Скорцианитис. Крилниот играч нема да биде последното засилување за АБА шампионот, бидејќи на 1-ви декември на тимот ќе му се приклучи и суспендираниот Маркус Вилијамс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП