5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФенербахче без Антиќ славеше над Бруклин

Фенербахче без Антиќ славеше над Бруклин

bogdan-bogdanovic

Кошаркарите на Фенербахче славеа над Бруклин Нетс со 101:96 во контролен меч кој се одигра во Бруклин, Њујорк. Тренерот на Фенербахче, Жељко Обрадовиќ, на Бруклин му се спротивстави со екипа во која ги немаше Перо Антиќ, Боби Диксон и Рики Хикман.

Фенер против тимот од најсилната лига на светот одигра одличен меч во кој против статичната одбрана на Бруклин имаше дури 26 асистенции и шут за три поени од 52 отсто.

Јан Весели со 18 поени, шест скока, Богдан Богдановиќ со 17 поени, по три скока и асистенции и Луиџи Датоме со 16, по пет скока и асистенции го предводеа Фенербахче до победата. Кај Бруклин се истакнаа Брук Лопез со 18 и Вејн Елингтон со 16 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП