Ѓорѓе Дреновац, кошаркарот на МЗТ Скопје Аеродром е избран во најдобрата петорка на второто коло, во АБА лигата.
МЗТ во втората рунда убедливо го порази Металац (93:67), а Дреновац во победата учествуваше со 17 поени, со перфектен шут од линијата за слободни (5/5) и за два поени (6/6), а во статистиката имаше уште осум скока и по една асистенција и украдена топка, за вкупен индекс 28.
Покрај Дреновац место во идеалната петорка има и за МВП-то на колото центарот на Цедевита Миро Билан (индекс 33), односно за Немања Врањеш од Сутјеска (индекс 26), Мајк Цирбес од Црвена ѕвезда (индекс 24) и Тимоте Луваву од Мега Лекс (индекс 24).