18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАБА лига: МЗТ убедлив против Металац

АБА лига: МЗТ убедлив против Металац

mzt-metalac

Кошаркарите на МЗТ ја забележаа првата победа во новата сезона во регионалната АБА лига. Во второто коло МЗТ убедливо го порази Металац со 93:67.

Екипата на Алеш Пипан многу полесно од очекувањата стигна до триумфот во СЦ „Јане Сандански“. По израмнетата прва четвртина која заврши со резултат 19:16 за МЗТ, во втората македонскиот шампион ја најави победата. Вториот период ‘металците’ го добија со 24:14.

Во второто полувреме МЗТ со сигурна игра не му дозволи на противникот да му се доближи и на крајот стигна до убедлив триумф.

Поранешниот играч на Металац Марко Љубичиќ го предводеше МЗТ со 16 поени, седум скока и четири асистенции, Стојановски постигна 14 поени, а Дреновац имаше учиок од 17 поени и осум скокови.

МЗТ во третото коло, на 6.октомври, ќе му гостува на Партизан во Белград.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП