21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБрендан Роџерс доби отказ

Брендан Роџерс доби отказ

_85904385_rodgersap

Фудбалскиот клуб Ливерпул, по ремито во неделата со Евертон (1:1), соопшти дека менаџерот Брендан Роџерс е отпуштен. Ирецот Роџерс го предводеше Ливерпул од 2012 година, тој доби отказ по петтиот нерешен резултат на тимот оваа сезона.

Со исклучок на првата сезона, во која до последното коло се бореше за титулата, Роџерс немаше речиси никаков успех со Ливерпул.

„Сакаме да му се заблагодариме на Брендан Роџерс за значаен придонес и за вложениот труд и за посветоноста кон работата. Иако ова беше тешка одлука веруваме дека беше единствена одлука за клубот да започне да постигнува успеси на теренот. Потрагата по новиот менаџер е во тек“, стои во соопштението од Ливерпул.

Роџерс (42) тренерската кариера ја започна во Вотфорд во 2008 година, а пред Ливерпул работеше во Рединг и Свонси.

Медиумите како најсериозни кандидати за нов менаџер на Ливерпул ги споменуваат Јирген Клоп и Карло Анчелоти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП