Фудбалерите на Арсенал убедливо го поразија Манчестер Јунајтед во дерби натпреварот одигран во рамките на осмото коло во Премиерлигата.
Мечот на „Емирејтс“ стадионот, практично заврши по само 20 минути игра, кога домаќинот постигна три гола.
Фуризониот старт на Арсенал со голови во шестата и седмата минута ги крунисаа Алексис Санчез и Месут Езил, а во 20.минута судбината на ‘црвените ѓаволи4 ја запечати Санчез со својот втор гол.
Со оваа победа Арсенал се искачи на второто место на таблета со 14 бодови, колку што има и Манчестер Јунајтед. Лидер во премиерлигата е Манчестер Сити со 16 бодови.