20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВардар славеше во Шведска

Вардар славеше во Шведска

vardar-rakometari

Ракометарите на Вардар го задржаа максималниот ефект во Лигата на шампионите, откако во третото коло славеше во Малме над Крситијанштад со 25:30. Вардар со три победи е лидер во Б групата во Лигата на шампионите.

‘Црвено-црните’, со мали осцилации во играта рутунски славеа над шведскиот првак Кристијанштад. До победата Вардар го предводеа Тоскиќ и Дибиров кои постигнаа по седум голови, односно брилијантниот голман Штербик кој имаше 17 успешни интевенции.

Кај Кристијанштад покрај голманот Симиќ (14 одбрани) се истакнаа уште Толбринг со седум и Цедехолм со шест голови.

Македонскиот првак наметна високо темпо на стартот од мечот што резултираше со предност од 3:8, а потоа и 6:10. Кристијанштад успеа некако да се врати во мечот со една серија од четири гола (10:10, 11:11). До крајот на првиот дел Штербик и одбраната 5-1 овозможија Вардар на одмор да замине со позитива од два гола (13:15).

Во второто полувреме Кристијанштад успеа да се доближи на гол негатива, но потоа Вардар го подигна нивото на играта и до крајот на мечот без поголем проблем ја одржуваше предноста од четири до шест голови.

Сенка на оваа победа на Вардар фрли повредата на Игор Карачиќ, средниот бек се повреди на средина од второто полувреме замина на клупата и повеќе не се врати на теренот.

Наредното коло го носи дербито помеѓу Вардар и Рајн Некар. Натпреварот кој го носи епитетот дуел на неделата на ЕХФ ќе се одигра на 10.октомври (17.30 часот), во СЦ „Јане Сандански“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП