18 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБез победник во „Мерзисајд“ дербито

Без победник во „Мерзисајд“ дербито

2748

Фудбалерите на Евертон и Ливерпул одиграа 1:1 во градското дерби. „Мерзисајд“ дербито шести пат во последните седум натпревари заврши со резултат 1:1.

Евертон и Ливерпул одиграа убав отворен натпревар, создавајќи неколку изгледни шанси за постигнување гол.

Двата гола паднаа во финишот на првото полувреме, и тоа по грешки во дефанзивата на двата тима.

Ливерпул стигна до предност преку Дани Ингс во 41. минута, тој остана сам во петерецот на Хауард и само ја спроведе топката во голот по нафрлувањето на Милнер.

Евертон израмни во судиското надополнување на времето во првиот дел, Емре Џан лошо исфрли една топка, на неа налета Ромелу Лукаку и ја погоди мрежата на Мињоле.

Ливерпул можеше да постигне гол и преку Ингс и Милнер, а Мињоле се истакна по обидите на Нејсмит, Мекарти, Баркли и Лукаку.

Евертон во наредното коло ќе го пречека Манчестер Јунајтед, а Тотенхем ќе му гостува на Тотенхем.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП