22 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКралски почести за Кристијано Роналдо

Кралски почести за Кристијано Роналдо

ronaldu 300

Мадридски Реал со пригодна свеченост му оддаде признание на својот стрелец Кристијано Роналдо. Португалецот, во средата, против Малме ја мина границата од 500 голови во кариерата, а на листата на најдобри стрелци во историјата на Реал се израмни со Раул.

„Кога првпат го облеков дресот на Реал не можев да замислам дека еден ден ќе станам најдобар стрелец и дека ќе го минам на таа листа мојот добар пријател Раул, како и покојниот Алфредо Ди Стефано“, изјави Роналдо.

Поругалецот кој е водечки стрелец и во Лигата на шампионите со 82 гола, пет повеќе од Лео Меси, нагласил дека до рекордот не би можел да стигне без помошта на соиграчите.

„Без моите соиграчи ова немаше да го направам. Исто така сакам да им се заблагодарам на сите мои тренери – Мануел Пелегрини, Жозе Мурињо, Карло Анчелоти и Рафаел Бенитез – тие секогаш ми помагаа како и нивните помошници, физиотарапевти, економи… За крај тука се и за мене најважните особи, мојата мајка и мојот менаџер Жорге Мендез“, додава Португалецот.

Свеченоста Роналдо ја искористи и да им се извини на новинарите, со кои до средата не комуницираше цели седум месеци.

„Свесен сум дека не се однесував најдобро кон медиумите, бев помалку ѓубре, но така реагирам кога некој нефер се однесува кон мене. Но ви благодарам на сите за сè што направивте за мојата кариера“, рече Роналдо.

Кристијано Роналдо вниманитето на фудбалските скаути го привлече како тинејџер во 2000-та година додека играше во Спортинг, потоа се пресели во Манчестер Јунајтед, а по шест години во Англија, во 2009-та година дојде во редовите на Реал.

Роналдо досега во кариерата одиграл 753 натпревари и има постигнато 501 гол: Спортинг (5), Манчестер Јунајтед (118), Реал Мадрид (323) и репрезентација на Португалија (55).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП