6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПол Сколс: Англиските тимови се далеку од европскиот врв

Пол Сколс: Англиските тимови се далеку од европскиот врв

Paul Scholes

Пол Сколс, поранешениот играч на Манчестер Јунајтед и англиската фудбалска репрезентација, за BT Sport, рекол дека во европски рамки англиските клубови се далеку од нивото на кое биле пред неколку години.

„Погледнете го квалитетот на играчите кои играат во Англија, јас не верувам дека ги имаме најдобрите играчи во Европа“, рекол Сколс, кој смета дека трите најсилни тимови во Европа се Барселона, Реал и Баерн.

„Во втората група се екипи како ПСЖ и Јувентус, а англиските клубови се дури во третата група“, смета Сколс.

Според него, во најдобрите клубови (Барселона, Реал, Баерн) играат најдобрите играчи на Стариот континет.

„Ниту еден фудбалер од Англија не би можел да влезе во првите тимови на Барса, Реал или Баерн. Веројатно исклучок е само Серхио Агуеро“, дополнил Сколс.

Инаку Пол Сколс  целата своја кариера која траеше 20 години ја мина на „Олд Трафорд“, тој е трет на вечната листа според бројот на настапи за Манчестер Јунајтед со 718 натпревари, пред него се само сер Боби Чарлтон (758) и Рајан Гигс (963).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП