3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРома ги откупи договорите на Џеко, Салах и Фалке

Рома ги откупи договорите на Џеко, Салах и Фалке

roma igraci

Играчите на Рома, Един Џеко, Мохамед Салах и Јаго Фалке потпишале трајни договори, потврди римскиот клуб.

Овие тројца фудбалери во летниот преоден рок пристигнаа во Рим, но на позајмица од Манчестер Сити, Челзи и Џенова, а раководството на Рома уште на стартот од сезоната ја искористи опцијата да ги откупи нивните договори.

„Успешната привремена соработка ја претворивме во долгорочна“, се наведува во соопштението на фудбалскиот клуб Рома.

Рома не објави колку финансиски ја чини оваа операција, ниту пак на колку години верност кон клубот се обврзале тројцата играчи.

Во досегашниот тек од сезоната Џеко и Фалке имаат постигнато по еден гол, додека Салах постигнал три гола.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП