22 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАБА: Ц.ѕвезда славеше над Мега Лекс

АБА: Ц.ѕвезда славеше над Мега Лекс

megaggegeg

Кошаркарите на Црвена ѕвезда со победа над Мека Лекс (76:70) ја започнаа одбраната на титулата во регионалната АБА лига. Предраг Самарџиски во дресот на Мега Лекс дебитираше со шест поени исто толку скокови, две асистенции и по една украдена и загубена топка.

Во нервозен натпревар со многу технички грешки на двете страни Црвена ѕвезда славеше над Мега Лекс со пресврт во второто полувреме. Црвена ѕвезда најмногу се мачеше од линијата за слободни фрлања, нејзините играчи погодија 15 од 31 слободно фрлање.

Мега Лекс играше добро во првото полувреме, неколку пати имаше предност од 11 поени, но во второто полувреме пред сите Цирбес и Лазиќ ја раздвижија играта на шампионот, а конечната победа ја обезбеди во последните пет минути.

Цирбес со 19 поени и седум скокови и Лазиќ со 13 поени ја предводеа Црвена ѕвезда, додека на спортивната страна се истакнаа Николиќ со 17 и Загорац со 16 поени.

Домаќините беа успешни и на останатите три дуели Олимпија го победи МЗТ (91:76), Задар славеше над Цибона (62:53), а Будуќност триумфираше над Крка (81:65).

Во петкот ќе биде комплетирано првото коло со дуелите: Тајфун-Сутјекска, Цедевита-Игокеа и Металац-Партизан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП