26 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМЗТ со пораз стартуваше во АБА лигата

МЗТ со пораз стартуваше во АБА лигата

мзт-пораз

Македонскиот шампион МЗТ со пораз ја отвори новата сезона во регионалната кошаркарска АБА лига. Во четвртокот, Олимпија славеше над МЗТ со 91:76 (22:16, 21:20, 25:22, 23:18).

МЗТ лошо ја бранеше ‘пик’ играта, му дозволи многу лесни поени на противникот, лошо шутираше од линијата за слободни фрлања (11/19). Во нападот МЗТ имаше проблеми со агресивната одбрана на Олимпија, особено во преносот на топката, што е последица на повредите на двајцата плејмејкери Љубичиќ и Протиќ.

Двата тима започнаа нервозно, со неколку нерезонски шутеви, по што Олимпија започна да ја контролира играта и се одвои на осум поени (16:8).

МЗТ успеа да фати приклучок во втората четвртина и да се држи на негатива од четири поени. Во финишот на вториот и почетокот на третиот период Олимпија со серија од осум поени стигна првпат до двоцифрена предност (49:39).

Прашањето на победникот Олимпија го реши во 34.минута кога се ‘одлепи’ на 15 поени од противникот (77:62).

Дреновац со 21 поен, три скока и по две асистенции и украдени топки беше најдобриот играч на МЗТ, каде двоцифрен број на поени постигна уште само Луковиќ 14 на кои придодаде и осум скокови.

Олимпија ја предводеше Рајт со 14 поени, шест скока, четири асистенции и три украдени топки, а најефикасен беше Лешиќ со 19 поени.

Екипата на МЗТ во второто коло ќе го пречека Металац, мечот ќе се одигра в недела (19 ч) во СЦ „Јане Сандански“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП