18 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИFacebook иновација: Профилните слики стануваат видео (видео)

Facebook иновација: Профилните слики стануваат видео (видео)

video fb 33

„Facebook“ претстави уште една промена во социјалната мрежа. Овој пат во фокусот е мобилната верзија на профилите на корисниците, поради тоа што веќе има нов дизајн.

Една од најголемите промени е можноста да се сними сосема кратко видео кое може да се стави наместо профилната слика. Покрај тоа, корисниците ќе можат да додадат привремена профил-слика, која по зададен период од нив, автоматски ќе се отстрануваат и ќе се враќа старата. Според „Facebook“ ова може да е „визуелен статус кој може да покажува што се случува околу корисникот“.

Луѓето ќе имаат поголема контрола над информациите што се покажуваат на нивните профили. Повеќе полиња ќе можат да се персонализираат по желба на корисникот. Се воведува и поле за прикажување на пет избрани фотографии од корисник кои ќе се гледаат од сите посетители на профилот.

Дизајнот на профилите исто така е изменет, сега сликата на корисникот е поставена на централно место, а исто така е и поголема.

Новите профили ќе почнуваат да се активираат во фази, прво во Британија и Калифорнија, а постепено ќе стануваат достапни за повеќе луѓе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП