24 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЧервар: Со дисциплинирана игра до победа над Елверум

Червар: Со дисциплинирана игра до победа над Елверум

linolilili

Норвешки Елверум ќе им биде противник на ракометарите на Металург, во третото коло во Д групата во Лигата на шампионите. Двата тима во пресрет на меѓусебниот дуел (сабота, 17.30 ч), имаат по победа и пораз. Металург и Елверум славеа над Кадетен Шафхаузен, додека поразите се од Мотор Запорожје (Металург), односно и Скјерн (Елверум).

Елверум е типичен преставник на скандинавската ракометна школа, ретко се менува одбрамбената формација 6-0, поради неколкуте високи играчи, а во нападот се бара најкусиот пат до противничкиот гол.

„Силен тим со неколку добри играчи. Најголемо внимание треба да му посветиме на десниот бек Вестергард, потоа на Митровиќ, пикерот Боресен и крилото Бое. Играа добро со Шафхаузен, но дома забележаа висок пораз од Скјерн. На мечот со Скјерн одбраната не им беше толку цврста“, рече на прес-конференцијата тренерот на Металург, Лино Червар.

Хрватскиот стратег, чиј тим минатата сабота ја запиша првата сезонска победа во Лигата на шампионите, смета дека играта во одбрана ќе го одреди победникот на претстојниот натпревар. Червар посакува неговиот тим да одигра како против Шафхаузен, цврсто во одбраната и дисциплинирано во нападот, со минимум технички грешки.

„Ние сме млада екипа и не треба сега да мислиме дека сме некој и нешто. Мора да го правиме она што најдобро го знаеме, а тоа е борба од почетокот до крајот. Мора да бидеме борбени и дисциплинирани, а нашата сила треба да е одбраната“, истакна стратегот на Металург.

Червар, чии играчи славеа во средата во домашното првенство над Работнички, ја повика публиката да биде ‘осмиот играч’, на овој меч.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП