22 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОСлободниот пад продолжува, фудбалерите 132-ри на ФИФА листата

Слободниот пад продолжува, фудбалерите 132-ри на ФИФА листата

mk fudbal 00

Светската фудбалска федерација (ФИФА) ја објави најновата ранг листа на националните тимови, на која македонската репрезентација бележи пад од 28 позиции и се наоѓа на 132-то место. Поразите од Луксембург и Шпанија во квалификациите придонесоа Македонија да го има еден од најлошите пласмани во последните две децении.

Пред Македонија на листата се наоѓаат ‘фудбалски дивови’: Кенија, Палестина, Северна Кореја, Кувајт, Мадагаскар, Централно Африканска Република, Намибија, Бахреин, Сирија, Сент Винсент и Гренадин, Сиера Леоне, Нигер…

Од противниците на Македонија во кавлификациската група најдобро котира Шпанија која се врати меѓу најдобрите десет во светот. Шпанците ‘скокнаа’ за пет позиции и сега се наоѓаат на шестото место на ФИФА листата, а потоа следуваат Словачка (18), Украина (23), Белорусија (98) и Луксембург (142).

Меѓу првите десет се наоѓаат Аргентина, Германија, Белгија, Португалија, Колумбија, Шпанија, Бразил, Велс, Чиле, Англија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП