Најдобрата светска тенисерка, Серена Вилијамс, објави дека од здравствени причини ја завршува оваа сезона. Американката се откажа од настапот на турнирот во Пекинг и на завршниот Мастерс во Сингапур, што значи дека на терените ќе се појави во јануари наредната година.
„Ова е чисто превентивно, сакам да му се посветам на своето здравје и поради тоа се откажав од претстојните турнири“, рекла Серена.
34-годишната тенисерка оваа сезона освои три грен слем титули (Австралија Опен, Ролан Гарос, Вимблдон) со што стигна до бројката од 21 титула на најголемите турнир. Таа имаше можност да освои календарски грен слем, но во полуфиналето на УС Опен загуби од Роберта Винчи.