Жозе Мурињо нема да биде казнет поради вербалниот напад врз поранешната докторка на Челзи, Ева Карнеиро.
На првиот меч во сезоната против Свонси, лекарскиот тим на Челзи во последните минути влета на теренот за да му укаже помош на Еден Азар, а Мурињо едноставно полуде, бидејќи Азар мораше да излезе надвор од теренот, а неговиот тим веќе имаше играч помалку на теренот.
Со погрдни зборови, Мурињо, на докторката Карнеиро и се обратил на португалски.
По овој инцидент тој и забрани на лекарската екипа да седи на клупата за време на натпреварите, а поради вулгарното однесување, беше предмет на истрага на Фудбалската асоцијација на Англија (ФА).
Иако му се закануваше суспензија од пет натпревари, ФА по спроведената истрага реши да не го казнува Мурињо.
Од друга страна докторката Ева Карнеиро неколку недели по инцидентот го напушти клубот.