28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФ1: Многу промени во календарот за 2016-та

Ф1: Многу промени во календарот за 2016-та

formula-1000

Последната верзија на календарот за наредната сезона во шампионатот на Формула 1 носи големи промени, а првенството ќе стартува на 20-ти март во Австралија, а не како што првично беше планирано на 3-ти април.

Тимовите, поради густиот распоред бидејќи наредната сезона во календарот има 21 трка, имаа забелешки на терминот за првата трка, по што ФИА реагираше и реши првенствто во 2016-та година да започне на „Алберт парк“ во Мелбурн на 20-ти март.

Исто така, ФИА реши да промени бројни термини во кои години наназад се возеа трките на одредени патеки. ГН на Унгарија нема да се вози во август, туку во јули, а во овој месец ќе се возат уште три трки во Австрија, Велика Британија и Германија.

Во сезоната 2016 година во календарот ќе дебитира ГН на Азербејџан, која на програмата е на 19-ти јуни, една недела по трката во Монтреал за ГН на Канада.

Сезоната ќе заврши на 27-ми ноември во Абу Даби.

Распоред на трките во 2016 година:

20-ти март: Австралија (Алберт парк)

3-ти април: Бахреин (Сакир)

17-ти април: Кина (Шангај)

1-ви мај: Русија (Сочи)

15-ти мај: Шпанија (Каталуња)

29-ти мај: Монако (Монте Карло)

12-ти јуни: Канада (Монтереал)

19-ти јуни: Азербејџан (Баку)

3-ти јули: Австрија (Ред Бул ринг)

10-ти јули: Велика Британија (Силверстон)

24-ти јули: Унгарија (Хунгароринг)

31-ви јули: Германија (Хокенхајм)

28-ми август: Белгија (Спа Франкоршамп)

4-ти септември: Италија (Монца)

18-ти септември: Сингапур (Марина беј)

2-ри октомври: Малезија (Сепанг)

9-ти октомври: Јапонија (Сузука)

23-ти октомври: САД (Остин)

6-ти ноември: Мемксико (Мексико Сити)

13-ти ноември: Бразил (Интерлагос)

27-ми ноември: Абу Даби (Јас марина).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП