5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛШ: Бенфика го освои „Винсенте Калдерон“

ЛШ: Бенфика го освои „Винсенте Калдерон“

2CF1C08800000578-3255306-image-a-98_1443643934251

Фаворитите запишаа сигурни победи во натпреварите од второто коло во А-Д половината во Лигата на шампионите. Единственото изненадување го направи Бенфика со победата во Мадрид над Атлетико.

Малме успеа да му пружи добар отпор на апсолутниот фаворит Реал, но не успеа да го избегне поразот. Кристијано Роналдо ги постигна двата гола со кои стигна до бројката од 82 постигнати голови во Лигата на шампионите.

Шахтјор, кој како домаќин игра во Лвов е поразен со 0:3 од ПСЖ. Орије го отвори резултатот, а потоа Украинците примија два бизарни гола.

Група А:

Малме-Реал Мадрид 0:2

(Роналдо 29’, 90’)

Шахтјор-ПСЖ 0:3

(Орије 7’, Давид Луиз 23’, Срна аг 90’)

Табела: Реал 6, ПСЖ 6, Малме 0, Шахтјор 0

ЦСКА одигра неверојатно прво полувреме против ПСВ, постигна три гола и Думбија не реализираше пенал, а во второто полувреме рускиот тим со многу напор ја спаси победата, откако Лестијен за осум минути постигна два гола.

Јунајтед со пресврт славеше над Волфсбург, кој водеше од четвртата минута, а потоа Мата погоди од пенал и со волшебна асистенција му овозможи на Смолинг да постигне гол.

Група Б:

ЦСКА Москва-ПСВ Ајндховен 3:2

(Муса 8’, Думбија 21’, 37’-Лестијен 60’, 68’)

Манчестер Јунајтед-Волфсбург 2:1

(Мата 33’, Табела: Смолинг 53’-Калиџури 4’)

Табела: ЦСКА 3, Ман. Јунајтед 3, Волфсбург 3, ПСВ Ајндховен 3

Атлетико прв постигна гол против Бенфика, преку Кореа, потоа Џексон Мартинез не реализираше две чисти шанси и Бенфика израмни преку Гаитан. Во вториот дел Гуедеш стигна до водство од 1:2. До крајот Атлетико имаше неколку добри шанси, но Жулио Цезар потсети на времето кога бранеше во Интер и со две одлични одбрани ја сочув победата на својот тим. Атлетико го забележа првиот пораз на домашен терен во европските купови уште од 2009 година.

Група Ц:

Атлетико Мадрид-Бенфика 1:2

(Кореа 23’-Гаитан 38’, Гуедеш 51’)

Астана-Галатасарај 2:2

( Хакан Балта аг 79’, Кањас 89’-Киса 31’, Ериќ аг 85’)

Табела: Бенфика 6, Атлетико 3, Астана 1, Галатасарај 1

Сами Кедира се врати во екипата на Јувентус и ја донесе неопходната стабилност на средината на теренот. Јуве лесно ја запиша втората победа во ЛШ оваа сезона, а стрелци беа Мората и Заза.

‘Луд’ натпревар одиграа во Менхенгладбах, Борусија и Сити. Домашниот тим во првото полувреме промаши пенал, Харт го одбрани ударот на Рафаел. Во првиот дел двата тима не реализира неколку изгледни шанси. Во второто полувреме Борусија постигна гол преку Штиндл, а потоа Сити направи пресврт со головите на Отаменди и Агуеро во последната минута од пенал.

Група Д:

Јувентус-Севилја 2:0

(Мората 41’, Заза 87’)

Борусија Менхенгладбах-Манчестер Сити 1:2

(Штиндл 54’-Отаменди 65’, Агуеро 90’)

Табела: Јувентус 6, Севилја 3, Ман.Сити 3, Борусија 0

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП