3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛШ: Историски бод за Астана

ЛШ: Историски бод за Астана

astana-fudbal

Фудбалерите на Астана и Галатасарај одиграа 2:2 во првиот меч од второто коло во Ц групата, во Лигата на шампионите. Казахстанскиот првак до бод стигна со голот на Кањас постигнат во претпоследната минута од натпреварот.

Галатасарај два пати водеше на „Астана Арена“, одигра добро прво полувреме, но на крајот Астана заслужено освои бод.

Турскиот шампион стигна до предност со голот на Киса во 31.минута, кој ја погоди мрежата на Астана по асистенцијата на Снајдер.

Казахстанците агресивно го започнаа второто полувреме, го надигра ривалот, а наградата за добрата игра стигна во 77.минута кога Хакан Балта си постигна авто гол.

Пет минути пред крајот Галатасарај ја врати предноста, Гумуш влета во шеснаесетникот на Астана, упати центаршут, а голманот Ериќ имаше една несмасна интервенција и ја проследи топката во својот гол.

Само четири минути подцна Астана стигна до заслужениот бод, голамнот Муслера боксуваше една топка, а Кањас од 18 метри со глава ја спроведе во празниот гол.

Во наредното коло, на 21.октомври, Галатасарај ќе ја пречека Бенфика, а Астана ќе му гостува на Атлетико во Мадрид.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП