9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСколари должи 3,5 милиони евра

Сколари должи 3,5 милиони евра

4000

Бразилскиот фудбалски експерт 66-годишниот Луиз Фелипе Сколари ќе мора да им плати на португалските даночни орани 3,5 милиони евра неплатени даноци во периодот кога беше португалски селектор.

Сколари ја предводеше португалската репрезентација од 2003 до 2007 година и под негово водство Португалија го освои второто место на Европското првенство во 2004 година, и играше во полуфиналето на Мундијалот две години подоцна.

Бразилскиот стручњак, кој во моментов го води кинескиот Гуанжу Евергранде, се согласил да го плати целиот износ, како и пресметаната камата. „Никогаш не сум мамел во врска со данокот. Во секоја земја коректно ги исполнувал даночните пријави и ги пријавував приходите“, порача Сколари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП