ПочетнаИНТЕРЕСНОМарк Маркез ја скршил раката

Марк Маркез ја скршил раката

Marc-Marquez-Winner-Computer-Desktop-Background-2380

Актуелниот шампион во кралската класа во Мото ГП шампионатот, Марк Маркез, за време на тренинг во маутинг бајк ја скршил раката. Возачот на Репсол Хонда, се здобил со фрактура на петтата метакарпална коска во левата рака за време кога паднал на тренингот во Сервера и тој веќе е опериран во Барселона.

Доколку рехабилитацијата оди според планираното Маркез ќе биде во тимот на Репсол Хонда на наредната трка во кралската класа, ГН на Јапонија, која се вози на 12-ти октомври.

До крајот на сезоната има уште четири трки, а Маркез веќе ги загуби шансите за одбрана на тиутлата. Маркез во генералниот пласман има 95 бодови помалку од лидерот Валентино Роси.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП