29 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРК Металург: Симболични цени на билетите за мечот со Елверум

РК Металург: Симболични цени на билетите за мечот со Елверум

metalurg n

Ракометниот клуб Металург во продажба ги пушти билетите за натпреварот против Елверум, кој ќе се одигра во рамките на третото коло, во Д групата, во Лигата на шампионите.

Цента на билетите е симболична и се движи од 60 до 150 денари. Билетите можат да се купат во центрите на ОNЕ и on-line на karti.com.mk.

„Ракометниот клуб Металург ве повикува заедно да испишеме уште една страница во македонската ракометна историја, со наши сили, за нас. Без вас, ние нема да бидеме тоа што сме, синоним и гордост на македонскиот ракомет“, стои во соопштението на РК Металург.

Двата тима по првите две кола имаат победа и пораз, а меѓсебниот дуел ќе го одиграат в сабота од 17.30 часот, во СЦ „Борис Трајковски“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП