12 мај, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОНов удар за Барселона, се повреди Иниеста

Нов удар за Барселона, се повреди Иниеста

iniesta povreda 3

Барселона славеше над Баер Леверкузен со 2:1, во Лигата на шампионите, но победата која е извојувана во периодот од 80-та до 82-ра минута, мина во сенка на повредата на капитенот Андрес Иниеста.

Барселона минатиот викенд најмалку два месеци остана без Лионел Меси, а мечот со Баер Леверкузен и без Андрес Иниеста. Капитенот на ‘блауграна’ се повреди во 60-та минута и веднаш го напушти теренот.

Клубот не открива колкава пауза го очекува Иниеста, кој го повреди бутниот мускул, но каталонскиот весник „Sport“, пишува дека 31-годишниот фудбалер надвор од терените ќе биде еден месец.

Тоа значи дека Иниеста ќе ги пропушти натпреварите на Барселона во домашното првенство против Севилја, Рајо Ваљекано и Еибар, како и натпреварите на Шпанија против Луксембург и Украина.

Инаку Иниеста е третиот играч на Барселона кој се повреди во последните 30-тина дена, претходно Рафиња ги скина лигаментите на мечот со Рома, поради што ќе отсуствува од тимот најмалку шест месеци, а изминатиот викенд Меси го истегна лигаментот во коленото и него му следува пауза од шест до осум недели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП