7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФорс Индија и Заубер ја тужат Формула 1

Форс Индија и Заубер ја тужат Формула 1

suber india

Форс Индија и Заубер во Европската унија поднесоа тужба против Формула 1, поради неправедното водење и поделбата на приходите во првенството на Ф1. Индискиот тим најмногу ја критикува Стратешката група на Ф1 која ги составува прописите пред тие да бидат усвоени од Светската автомобилистичка федерација (ФИА).

Стратешката група на Ф1 е составена од преставници на ФИА, менаџментот на Формула 1 и пет екипи: Мерцедес, Ферари, Ред Бул, Мекларен и Вилијамс.

Тимот кои ќе заврши на првото место во конкуренција на конструктори, а да не е еден од овои пет тима, исто така добива свое место во Стратешката група.

Останатите тимови немаат право на глас во водењето на овој спорт и поради тоа Форс Индија и Заубер решија да поднесат тужба, а дополнително Форс Индија чие седиште е во Силверстон, Велика Британија, ја тужи Формула 1 поради поделбата на приходите.

Според кој систем се делат приходите на јавноста не и е познато, но постои одредена хиерархија, па неколку тимови добиваат бонус само поради своето име и резултатите постигнати во минатото.

Првиот човек на Формула 1, Берни Еклстон, по повод поднесените тужби рекол дека тоа е право кое го имаат тимовите.

Доколку Европската унија одлучи да покрене истрага и докаже дека Формула 1 ја злоупотребила својата моќ, една од можните пресуди би била да плати една десетина од приходите кои минатата сезона изнесуваа преку една милијарда евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП