8 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛеб ќе дебитира на релито Дакар

Леб ќе дебитира на релито Дакар

loeb 00

Деветкратниот светски шампион во рели, Себастијан Леб, наредната година ќе учествува во најпознатата и најопасната рели трка, Дакар. Леб на релито Дакар ќе дебитира во тимот на Пежо.

Францускиот автомобилист рели кариерата (WRC) ја заврши во 2012 година и продолжи да се натпреварува во Светското првенство на туринг автомобили (WTCC).

„Дакар е една голема авантура. Ќе биде тоа вистински предизвик, да се замине таму и да се вози низ пустината“, вели Леб.

Рели Дакар ќе се вози од 3-ти до 16-ти јануари 2016-та година, во Аргентина и Боливија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП