3 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛШ: Бенфика на „Винсенте Калдерон“, Севилја во Торино

ЛШ: Бенфика на „Винсенте Калдерон“, Севилја во Торино

ls nova

Второто коло во фудбалската Лига на шампиони ќе биде комплетиранo денес, кога ќе се одиграат мечевите во групите А, Б, Ц и Д.

Најголемо внимание во оваа рунда привлекуваат дуелите во Манчестер, Торино и Мадрид.

Манчестер Јунајтед, кој по речиси две години повотрно е лидер во Премиерлигата ќе го пречека германскиот вицепрвак Волфсбург. Германскиот тим на почетокот од сезоната не игра во најдобра форма, но секогаш е способен да изненади доколку му се пружи таква прилика.

Јувентус кој катастрофално ја започна сезоната ќе игра против Севилја, екипа која исто така не игра во посакуваниот ритам на почетокот од шпанското првенство. Севилја во минатото, шесто коло од Примера, ја запиша првата победа. Јувентус кој на почетокот во Лигата на шампионите во Манчестер го победи Сити, го има најлошиот старт во Серија А во последните 45 години.

Атлетико на „Винсенте Калдерон“ ќе ја пречека Бенфика во според многумина дербито на ова коло. Двата тима сеуште не ја достигнале вистинската форма, но во Ц групата во конкуренција на Галатасарај и Астана се очекува да минат во осминафиналето.

Група А:

Малме-Реал Мадрид

Шахтјор-ПСЖ

Група Б:

ЦСКА Москва-ПСВ Ајндховен

Манчестер Јунајтед-Волфсбург

Група Ц:

Астана-Галатасарај

Атлетико Мадрид-Бенфика

Група Д:

Борусија Менхенгладбах-Манчестер Сити

Јувентус-Севилја

Натпреварите ќе започнат во редовниот термин од 20:45 часот, со исклучок на дуелот во Астана помеѓу домаќинот и Галатасарај кој ќе стартува во 18 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП