18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛШ: Олимпијакос го сруши Арсенал, БАТЕ славеше над Рома, нов пораз на...

ЛШ: Олимпијакос го сруши Арсенал, БАТЕ славеше над Рома, нов пораз на Челзи

Arsenal-v-Olympiacos

Сензационалната победа на Олимпијакос во Лондон над Арсенал, триумфот на БАТЕ Борисов над Рома, поразот на Челзи на ‘Драгао’, голманските грешки и ‘хет трикот’ на Левандовски ги одбележаа мечевите од второто коло во Лигата на шампионите во групите Е, Ф, Г и Х.

Барселона славеше над Баер Леверкузен со пресврт, откако за две минути Роберто и Суарез постигнаа два гола. Претходно Баер водеше со голот на Пападопулос кој ја искористи грешката на голманот Тер Штеген.

БАТЕ Борисов ја забележа најголемата победа во својата историја со победата над Рома. Белорускиот првак за половина час постигна три гола, а Рома во второто полувреме само го ублажи поразот. Два убави гола постигна српскиот бек Младеновиќ за БАТЕ Борисов, од кои вториот за 2:0 беше постигнат од 30 метри со голема помош на голманот Счешни.

Група Е:

Барселона-Баер Леверкузен 2:1

(Серхио Роберто 80’, Луис Суарез 82’ – Пападопулос 22’)

БАТЕ Борисов-Рома 3:2

(Сташевич 9’, Младеновиќ 12’, 30’ – Жервињо 66’, Торосидис 83’)

Табела: Барселона 4, Баер 3, БАТЕ Борисов 3, Рома 1

Баерн Минхен си поигра со хрватскиот првак Динамо, а ‘хет трик’ постигна Левандовски. Полскиот репрезентативец на последните три меча има постигнато десет гола. Баерн во целост ја искористи катастрофалната игра на дефанзивниот ред на Динамо на чело со голманот Едуардо и за само 28 минути постигна четири гола.

Арсенал запиша уште еден сензационален пораз во ЛШ, откако ‘топџиите’ загубија во Загреб истото им се случи и против Олимпијакос на домашен терен. Голема помош грчкиот тим имаше и од голманот Оспина кој си постигна авто гол. Олимпијакос ја забележа првата победа против екипа од Англија по серија од 12 порази.

Група Ф:

Баерн Минхен-Динамо Загреб 5:0

(Коста 13’, Левандовски 21’, 28’, 55’, Геце 25’)

Арсенал-Олимпијакос 2:3

(Волкот 35’, Санчез 66’ – Пардо 33’, Остина аг. 40’, Финбогасон 67’)

Табела: Баерн 6, Олимпијакос 3, Динамо Загреб 3, Арсенал 0

Мурињо се врати на ‘Драгао’, експериментираше со составот, започна без Азар и Матиќ и накрајот загуби. Порто само ја продлабочи кризата на Челзи, кој во финишот имаше две големи шанси и беше оштетен за пенал. Икер Касиљас на вој меч стана рекордер во Лигата на шампионите, шпанскиот голман го одигра 152-от меч во елитното натпреварување.

Макаби не успеа да се справи со киевски Динамо, кој победи во Тел Авив и со Порто го држи врвот во Г групата.

Група Г:

Макаби Тел Авив-Динамо Киев 0:2

(Јармоленко 4’, Мораеш 50’)

Порто-Челзи 2:1

(Андре 39’, Мајкон 52’ –Вилијан 45+2)

Табела: Динамо Киев 4, Порто 4, Челзи 3, Макаби 0

Валенсија победи на ‘Жерлан’ во Лион со ефектниот гол на Фегули и го надомести киксот од првото коло кога загуби од Зенит.

Рускиот шампион Зенит ја оправда фавортиската улога против Гент и благодарение на двете асистенции на Хулк славеше со 2:1.

Група Х:

Лион-Валенсија 0:1

(Фегули 42’)

Зенит-Гент 2:1

(Дзјуба 35’, Шатов 67’ – Матон 56’)

Табела: Зенит 6, Валенсија 3, Лион 1, Гент 1.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП