2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКасиљас апсолутен рекордер во ЛШ

Касиљас апсолутен рекордер во ЛШ

2CDB780F00000578-3253178-image-a-1_1443516713084

Голманот на Порто, Икер Касиљас (34), во вторникот влезе во историјата на Лигата на шампионите, како играч со најмногу настапи во ова натпреварување.

Натпреварот од второто коло во Г групата помеѓу Порто и Челзи беше 152-от за Касиљас во Лигата на шампионите. Порто овој натпревар го доби со 2:1.

До натпреварот со Челзи Касиљас го делеше првото место на вечната листа со легендарниот фудбалер на Барселона Чави, кој од оваа сезона е член на катарскиот Ал Сад.

Касиљас во Лигата на шампионите дебитираше на голот на Реал во сезоната 1999/2000, со ‘кралскиот клуб’ тој освои три титули во ова натпреварување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП