28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВардар тренираше против Татран

Вардар тренираше против Татран

vardar-rakometari-vardarci

Ракометарите на Вардар и по четири натпревари го задржаа максималниот ефект во регионалната СЕХА лига. ‘Црвено-црните’, во вторникот, на домашен терен го совладаа Татран Прешов со 39:32 (23:13).

Словачкиот шампион, без шестмина стандардни играчи, имаше сили да му се спротивстави на Вардар само во првите осум минути кога имаше предност од 4:6. Потоа, во наредните десет минути, следуваше серија на Вардар од 10:3 со која практично играчите на македонскиот шампион го решија победникот.

До крајот на полувремето Вардар стигна до максимални десет голови предност (23:13). Во вториот дел избраниците на Раул Гонзалес, на моменти со егзибициона игра, лесно ја одржуваа предноста од девет до 11 голови, а Татран во финишот дури избори и пристоен пораз.

Манасков со осум голови и Деревен со седум го предводеа Вардар до победата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП