18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШвајцарија одобри екстрадиција на функционер на ФИФА

Швајцарија одобри екстрадиција на функционер на ФИФА

skandal-fifa

Министерството за правда на Швајцарија позитивно одговори на барањето на американските власти и ќе го екстрадира во САД поранешниот претседател на Фудбалскиот сојуз на Костарика Едуардо Ли, кој е обвинет за корупција.

Ли, во мај, заедно со уште седуммина високи функционери на ФИФА беше уапсен во еден хотел во Цирих. Ли кој се наоѓа во притвор во Швајцарија има рок од 30 дена да ја обжали оваа одлука.

Властите во САД издадоа налог за апсење на 56-годишниот функционер под обвинение дека примил поткуп за продажбата на маркетинг правата за квалификациските натпревари за Светското првенство во 2018 година.

Ли е член на Извршниот одбор на ФИФА и на КОНКАКАФ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП