Поранешниот голман на Милан и на репрезентацијата на Италија, Марко Амелија, се наоѓа на чекор до трансфер во Челзи, пренесува „The Guardian“. Искусниот 33-годишен голман има статус на слободен играч и може да ја прифати понудата на било кој клуб.
Челзи најмалку уште два месеца ќе биде без првиот голман Тибо Куртоа кој го повреди коленото, а менаџерот Жозе Мурињо сака да му обезбеди квалитетна резерва на сегашниот прв чувар на мрежата Асмир Беговиќ.
Амелија минатата сезона бранеше во второлигашот Перуџа, а во кариерата бранел за Милан, Џенова, Лацио, Палермо, Парма и Лече.
За италијанската репрезентација има настап на девет натпревари.