19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМеси нема да си го ризикува здравјето поради „Ел Класико“

Меси нема да си го ризикува здравјето поради „Ел Класико“

mesi povreda 33

Лионел Меси нема да биде во составот на Барселона на дербито против Реал, кое на програмата е на 22-ри ноември, доколку целосно не се рехабилитира од повредата, изјавил за Marca неговиот брат Родриго.

Меси го повреди лигаментот на десното колено на саботниот натпревар со Лас Палмас, а според првичните прогнози тој ќе паузира меѓу седум и осум недели. Меѓутоа, според неговиот брат, тој нема да ризикува да се појави на „Ел Класико“ доколку целосно не се рехабилитира од повредата.

„Постои притисок Лионел набрзина да закрепне. Тој сé уште не е сигурен дали ќе игра во дербито. Беше исплашен на почетокот, но сега е мирен. Неговото тело ќе одлучи дали тој ќе игра против Реал, а не срцето или главата. Нема да слушаме совети од страна и да подлегнеме на притисоците“, рекол Родриго Меси.

Меси од почетокот на сезоната во сите натпреварувања има одиграно девет средби на кои шест пати бил стрелец.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП