21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВенус Вилијамс влезе во клубот 700

Венус Вилијамс влезе во клубот 700

Venus700

Американската тенисерка Венус Вилијамс ја забележа 700-та победа во кариерата, откако во второто коло на турнирот во Вухан, Кина, славеше на Јулија Гергес од Германија.

Вилијамс победи со 2:0 (6:4, 6:3) и во наредната рунда за противничка ќе ја има Шпанката Карла Суарез Наваро.

Постарата од сестрите Вилијамс стана деветта тенисерка во историјата која во кариерата стигнала до 700 победи, пред неа тоа го направиле Мартина Навратилова, Крис Еверт, Штефи Граф, Вирџинија Вејд, Аранча Санчез-Викарио, Линдзи Девенпорт, Кончита Мартинез и Серена Вилијамс.

„Добро е што ова не го знев пред почетокот на мечот, да го знаев ќе бев нервозна. Беше ова добар меч против квалитетна противничка“, рекла Вилијамс.

Американката во кариерата има освоено 46 титули, од кои седум на грен слем турнирите, но последната на најголемите турнири ја освоила во 2008-ма година во Вимблдон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП