17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМилевски го објави спискот за мечот со С. Ирска

Милевски го објави спискот за мечот со С. Ирска

blagoja milevski

Селекторот на репрезентацијата на Македонија до 21 година, Благоја Милевски, го соопшти списокот на фудбалери на кои ќе смета за квалификацискиот натпревар против селекцијата на Северна Ирска на 13-ти октомври на гостински терен.

Во тимот на Милевски прв пат е повикан офанзивниот фудбалер на Брегалница, Стефан Мишев, повратници во надежната репрезентација се Тихомир Костадинов, Алекса Амановиќ и Бесмир Бојку.

„Ова ќе биде еден од најтешките натпревари во овие квалификации, без оглед што противникот е послабо рангиран од нас. Северна Ирска е многу сериозна селекција, од натпреварите кои ги анализиравме заклучокот е дека се многу агресивни, дисциплинирани и исклучително желни за успех. Во составот имаат играчи кои настапуваат во премиер лигите на Ирска, Шкотска и Англија. Квалитетот го потврдија со позитивниот резултат (1-1) на гостувањето во Исланд, репрезентација која славеше против нас и против фаворитот Франција. Во квалификациските пресметки нормално е да чувствувате одреден притисок во натпреварите кога имате цел да победите, но се надевам дека за нас тој ќе биде позитивен, треба да одиграме максимално борбено со посветеност во извршувањето на обврските. Најважно е сите играчи да бидат здрави и со позитивна мисла, повторно ќе кажам, репрезентативниот тим мора да биде над сите“, изјави за интернет страницата на ФФМ селекторот Милевски.

Список на играчи У21 за мечот со Северна Ирска:

Голмани: Алексоски (Ѓ.Петров), Шишковски (Работнички), Талевски (Металург)

Одбрана: Зајков (Шалрероа, Белгија), Муслиу (Ренова), Демири (Шкендија), Најдовски (Работнички), Аминовиќ (ИМТ Нови Београд, Србија), Ристовски (Металург), Мурати (Шкупи)

Среден ред: Николов (Вардар), Бојку (Шкупи), Мустафов (Шелистер), Аврамовски (ОФК Београд, Србија), Барди (Ујпешт, Унгарија), Давид Бабунски (Барселона Б, Шпанија)

Напад: Радески (Шкендија), Маркоски (Работнички), Ангелов (Металург), Имери (Хоризонт Турново), Мишев (Брегалница), Костадинов (Банска Бистрица, Словачка).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП