19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКарпи му врачи отказ на Кастори

Карпи му врачи отказ на Кастори

fabricio kastri

Италијанскиот прволигаш Карпи соопшти дека по дебаклот од Рома (5:1) му врачил отказ на тренерот Фабрицио Кастори.

Дебитантот во Серија А, Карпи, во првите шест првенствени рунди има освоено само два бода и сé уште ја очекува својата прва победа во елитниот ранг на италијанскиот фудбал.

Кастори минатата сезона приреди првокласна сензација, откако со клубот од малото гратче Карпи успеа да го освои првото место во Серија Б и да избори пласман во елитата.

Карпи е првиот клуб сезонава во Серија А кој го отпушти тренерот, а како наследник на Карпи медиумите го најавуваат Џузепе Санино.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП