6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРоналдињо по три месеци замина од Флуминенсе

Роналдињо по три месеци замина од Флуминенсе

fliminense

Роналдињо Гаучо еден од најдобрите светски фудбалери во изминатите две децении по само три месеци реши да го напушти фудбалскиот клуб Флуминенсе. Иако во Флуминенсе пристигна како големо засилување, Роналдињо по само девет одиграни натпревари спогодбено го раскинал договорот со клубот.

„Сакаме да соопштиме дека го раскинавме договорот со Роналдињо. Договорот е спогодбено раскинат, но мораме да нагласиме дека фудбалерот од првиот ден према сите во клубот покажа максимален професионализам и почитување. Исто така Роналдињо се однесуваше и на тренинзите“, стои во клупското соопштение.

Некогаш најдобриот фудбалер во светот по заминувањето од Барселона во 2005 година настапуваше во Милан, Фламенго, Атлетико Минеиро и Квертаро. Роналдињо кариерата ја започна во Гремио, а европската авантура ја започна во ПСЖ.

„Исто така Флуминенсе и Роналдињо не ја прекинуваат соработката засекогаш, бидејќи во блиска иднина се планираат заеднички проекти. Дињо многу допринесе на економски план, околу маркетингот, продажбата на сезонски билети и дресови со неговото име. Сигурни сме дека неговиот потег ќе привлече многу играчи од светска класа во нашиот клуб“.

Роналдињо (35) со Барселона ги осови сите трофеи во клупскиот фудбал, а со репрезентацијата на Бразил во 2002 година стана светски првак.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП