6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТатран Прешов следен на менито на Вардар

Татран Прешов следен на менито на Вардар

var-pik

Ракометарите на Вардар, немаат време да се израдуваат на победата над ПИК Сегед во Лигата на шампионите, бидејќи веќе во вторник ги очекува нов меч и нов противник во СЕХА лигата.

Вардар, кој во регионалната лига стартуваше со три лесни победи, на домашен терен ќе го пречека словачкиот шампион Татран Прешов, кој во минатото знаеше да им направи проблеми на македонските тимови.

„Не не заморува густиот распоред, добро ни доаѓаат овие натпревари, за да се воиграме. Кога би играле само македонско првенство не би имале така силни натпревари. Затоа СЕХА лигата е добра за нас, ни овозоможува да ја држиме формата и да бидеме поподготвени во Лигата на шампионите“, изјави во пресрет на натпреварот со Татран, голманот Страхиња Милиќ.

Одбраната на противникот, заморот и повредите е она со што се соочува тренерот на македонскиот шампион Раул Гонзалес.

„Имаме само еден ден за да го спремаме овој натпревар. Не знам како ќе бидат играчите зашто вчера имавме тежок натпревар, ќе имаме потешкотии со повредени играчи, но ќе видиме како се на попладневниот тренинг. Сега може да не чувствуваат ништо, но кога ќе почнат да тренираат ќе се види, можеби ќе почне да ги боли нешто, така што утре ќе решам кои ќе играат. Татран употребува 5-1, 3-3 одбрана, а ние не играме добро против тие одбрани. Не беше добро и вчера со ПИК Сегед, затоа против Татран мора да бидеме подобри“, рече Гонзалес.

Вардар и Татран Прешов по три одиграни натпревари во СЕХА конкуренцијата имаат по три победи во исто толку одиграни натпревари, додека во Лигата на шампионите Вардар по две кола Вардар има две победи, а Татран два порази.

Натпреварот во СЕХА лигата Вардар-Татран Прешов ќе се одигра во вторник, во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 18:30 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП