2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСаган светски првак во друмско возење

Саган светски првак во друмско возење

peter sagan

Словачкиот велосипедист Петер Саган ја освои титулата светски шампион во друмско возење на шампионатот кој се одржа во Ричмонд, САД. 25-годишниот Саган успеа да се одвои од конкурентите на последната нагорнина и на крајот да триумфира на етапата долга 261,4 километри.

Словакот до победата стигна со вкупно време од 6:14.27 часа. Австралиецот Мајкл Метјуз го освои второто место, а како трет трката ја заврши Литванецот Рамунас Навардаускас.

„Ова е мојата најголема победа во кариерата. Пресреќен сум бидејќи се жртвував во последните три недели од Вулета (Трката околу Шпанија) и чувството е неверојатно“, рекол Саган.

Инаку Саган, кој вози за Тинкоф-Саксо, од 2012 година е непобедлив во борбата за зелената маичка на Тур Д’Франс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП