5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПремиер Карате лига: Бронзен медал за Тодоровски

Премиер Карате лига: Бронзен медал за Тодоровски

томе-тодоровски

Каратистот на „Макпетрол“, Томе Тодоровски, викендов во германскиот град Кобург, освои бронзен медал во Премиер Карате лигата.

Тодоровски, кој по подолга пауза му се врати на каратето, во првото коло го совлада Австриецот Томас Касерер со 2:1, во второто коло потоа загуби од Швајцарецот Кујтим Бајрами со 0:8.

Во репасажот, Тодоровски, забележа три победи кои му го донесоа бронзениот медал, најпрвин го совлада Колумбиецот Карлос Морено, потоа Американецот Хесус Коста и на крајот Џек Гил Барнеј од Нов Зеланд.

Инаку на овој турнир настапија 719 каратисти од 219 клубови од 55 држави.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП