6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПод истрага кошаркарскиот судија кој навива за Барселона

Под истрага кошаркарскиот судија кој навива за Барселона

9/11 - Mar del Plata , Argentina -    Campeonato FIBA Americas Masculino 2011 . (foto/José Jiménéz/FIBA AMERICAS) *** Mandatory Credit ***

Судијата од Доминиканската република, Рејналдо Мерцедес, се наоѓа под истрага на Светската кошаркарска федерација (ФИБА) и Евролигата, бидејќи пред неколку години на Twitter се декларирал како навивач на Барселона, пишувајќи негативни коментари за Реал.

Мерцедес беше дел од арбитрите кои го судеа двомечот во Интерконтинеталниот куп меѓу Реал и Берау. Реал ја освои титулата, првиот меч во Бразил, Берау победи со 91:90, а во реваншот во Мадрид ‘кралскиот клуб’ славеше со 91:79.

Интересно, Мерцедес во реваншот во Мадрид, во првото полувреме го исклучи поради две технички грешки бекот на Реал, Серхио ‘Чачо’ Родригез.

sudija istraga

„По повод информациите кои се појавија по вториот меч во Интерконтиненталниот куп, односно поради негативните коментари на сметка на Реал од страна на едно од официјалните лица, по барање на ФИБА покрената е истрага. Доколку информациите се покажат како точни, против лицето ќе бидат преземени соодветни мерки“, стои во соопштението на Евролигата.

Наводно навредливите коментари за Реал, кошаркарскиот судија Мерцедес, ги напишал во 2012 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП