17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБекот на Металург Божовиќ во тимот на колото

Бекот на Металург Божовиќ во тимот на колото

janko bozovicccc

Десниот бек на Металург, Јанко Божовиќ, со играта која ја прикажа на натпреварот со Кадетен Шафхаузен го заслужи своето место во идеалниот тим на второто коло во Лигата на шампионите.

Божовиќ постигна осум голови, најголем дел од нив во клучните моменти, во победата на Металург над швајцарскиот шампион со 28:24.

Австрискиот репрезентативец во досегашните две средби постигна 18 голови со кои се наоѓа на второто место на листата на најдобри стрелци во Лигата на шампионите, зад Кристијан Бјорнсен од Кристијанштад кој на воведните две средби има постигнато 20 голови.

Идеалниот тим на второто коло во ЛШ:

Голман: Рихард Капелин (Ла Риоха)

Лево крило: Јонас Калман (ПИК Сегед)

Лев бек: Момир Илиќ (Веспрем)

Среден бек: Никола Карабатиќ (ПСЖ)

Десен бек: Јанко Божовиќ (Металург)

Десно крило: Кристијан Бјорнсен (Кристијанштад)

Пивот: Бјарте Мирхол (Скјерн).

Ракометарите на Металург во наредното коло, на 3-ти октомври, ќе го пречекаат норвешкиот тим Елверум, додека Вардар ден подоцна ќе гостува во Шведска кај Кристијанштад.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП