20 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗПрви фотографии од моделот BMW X4 M40i

Први фотографии од моделот BMW X4 M40i

x4 modelce

Пред официјалната премиера, на Интернет се појавија првите фотографии од најмоќниот „BMW X4“.

Баварскиот производител наскоро ќе претстави нов модел од „M Performance“ семејството.

„BMW X4 M40i“ визуелно не се разликува премногу од било кој друг „X4“ со пакетот „M Sport“.

x4 modelce1

Промените се сведуваат на стилските детали на предниот браник и малку поразлични куќишта на надворешните ретровизори, како и според спацијално дизајнираните 19 инчни алуминиумски бандажи.

Покрај тоа, „X4 M40i“ има две симетрично поставени издувни цевки, по една на левиот и десниот дел на задниот браник.

Под хаубата се наоѓа шестцилиндарски 3.0-литарски турбо бензинец кој испорачува 360 ks (265 kW) и 465 Nm.

x4 modelce2

Моторот е поврзан со осумбрзински автоматски менувач, а прелиминарните информации покажуваат дека автомобилот од 0 дo 100 km/h забрзува за 4,9 секунди, што е за 0,6 секунди подобро време во споредба со „BMW X4 35i“.

Максималната брзина електронски е ограничена на 250 km/h.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП